Ir al contenido principal

Митот за Југославија

Штета што не пишувам на македонски ова дисертацијава. Има да плачат луѓе од гнев. Сеуште, ни трага ни глас од „економското чудо Југославија„. Македонскиве економисти не ја нашле, странскиве уште повеќе ќе те расплачат. За секое „чудо„ што знаеме има објаснување како се случило: пари се печатело без врска, се вработувале без врска, се прикривало на мртво тоа што нечинело. Ни социјална еднаквост, ни бакрачи. На крајот од осумдесеттите толку се продлабочила, што пукнала (празна) торбата.
Во моментов сум заглавена до 90тите, не можам да мрднам од вчудоневиденост затоа што сакам добро да испитам каде тргнало на лошо и имало ли некоја корист конкретна (секако дека да).
Невработеноста во МК води потекло од кога се прават првите мерења (имам податоци од 1945 па наваму).
Она што ми паѓа во очи е дека уште тогаш (во 80 тите) македонските економисти викале (џабе се мастравеле) да го оставите тој систем и да се свртите кон она што го порачувал Кејнс (Државна интервенција и пазарна економија комбинирано) зароа што неекономските критериуми на работење толку ја истоштија Македонија (ич не ми е гајле за другите во Југославија) што нема глава да крениме со децении после осамостојувањето.
Јане Милјоски ви порачува (Невработеност, 1986): „Не може да се каже дека таков скап и гломазен систем е добар„. И се докажа дека не чини.
Уште тогаш Ксенте Богоев порача дека треба заштита на важните индустрии преку државни мерки како по примерот на Јужно азиските тигри во првите години од економскиот развој додека не создадеме индустрија која ќе не изваде од мизерија.
И двајцата досега ми даваат солидни аргументи кои што сум ги сретнала преку примери за економии во развој кои служат како пример. Воопшто ништо не измислуваат ниту произволно си кажуваат.
Дури и во самите книги на српско-хрватски се зборува на големо за огромните разлики во развојот на една република споредено со друга. Во книгата "Ekonomika Jugoslavije" (Белград, 1991) на големо се зборува за тоа како Македонија пропаѓа и е една од најзаостанатите економии.
P.S. Напишано пред неколку месеци, само што заборавив да го објавам. Тогаш бев зачудена од тоа што го прочитав, затоа што на училиште друго не учеа. Затоа сега не верувам никому, ниту самата на себеси. Тешко дека сум некогаш во право, ама постојано учам.


Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…

Што е култура на зависност и доминација

Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.
Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?


Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем …