martes, 20 de diciembre de 2016

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).
Прилеп - тоа мермерот во зима боли кога ќе се слизнеш на мраз. 


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе.
Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија.
Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разлика дали е Македонија или некоја побогата или посиромашна земја, сите работат на програми за сузбивање на сиромаштијата и социјалната исклученост.
Сите други се беа паметни и пишуваа за бегалската криза, јас мислев дека невработеноста во МК е сериозен проблем. Го следам јавното мислење и тоа е што ме инспирира за секоја од темите што ги обработувам. Понекогш сум тврдоглава и себична и мислам дека тоа и така треба. Во науката предрасудите скапо се плаќаат, па затоа изгледа дека повеќе знаеш за другите отколку за својата држава.
Излегува дека не само што си замислувате дека сте навработени, туку и халуцинирате дека лошо ви е во државата. Аргумент на професорите им беше дека нема литература доволно да докажи дека невработеноста е проблем, а можи и дека ФИРОМ не напишав ми одзедоја некој поен ха, ха...
Тајната на секој успех е во јакото кафе. Ако не сликав брзо, ќе ми претечеше :)

Мислам дека, не само тие, туку и вие би останале воодушевени од делот за невработеноста во Југославија. Дали ќе биде достапна јавно за Македонија, сеуште сум во размислување. Дека користам податоци од интервју и анкета ми е непријатно јавно да ги прикажувам тие податоци иако сите тие се прiбрани од анонимни учесници.
Следно. Работа или одиме за Докторат. И двете, па што ќе дојди прво, тоа. Впрочем и работата е специјализација, па сеедно ми е, Сега да почекам да поминат празнициве.
Мерак имам да пишувам и истражувам, а особено сакам јавно да се глупирам на разни теми.
Во принцип, сакам кога луѓето имаат свое мислење, па и да е погрешно. Внимателно слушајте и сигурна сум дека ќе дојдете до вистината. Не идеализрајте никого па ни себеси. Скромноста е доблест.
Тешки 2 и пол години во Лондон, самотија и сиромаштија. Во овие 2 години двете баби ми починаа во Прилеп, сега и без баба си останав. Тудот им го посветувам на двете мои баби: Дунавка и Блага. Исто така и на сите кои што помогнаа со прашалниците т.е. цела Македонија. Можи не бевме најдобри, ама им покажав каде сме на карта.
Во наредниве недели, ќе ги направам достапни сите мои написи на разни теми со надеж дека ќе ви помогнат да се инспирирате да продолжите по истиот пат или чисто за забава. Повелете тука
Ова беше подарок за професорот. И тој нека се радува на Македонија.







No hay comentarios:

Publicar un comentario