viernes, 26 de agosto de 2016

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство.
Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична!
Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите).
Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку глупи.
И немојте сега, не нареков никој глуп. Се вели самокритичен.
Накратко, во тогашна Југославија имало група вработени кои ама баш ич не им било галје за тие што не работеле. Си живееле со свој розов свет. Тие, невработените, од страм и страв (да не те сети некој дека Тито не ти е по кеф или недај боже комунизмот не ти чини). Невработените никаде ги немало, а пак со студентите си играле криенка и миженка - сега се вработени ама исто како да се невработени, ама во пракса не биле вработени туку и тие се сметале во вработени итн.
Поновава литература малку поискрена е, потемелна и негативно гледа на образовниот систем во Македонија. Се гледа дека следат странска методологија и дека ова нивното има нешто повеќе смисла.  Ама многу се скражави кога да предложат решенија. Можеби ги чуваат во тајни, не знам.
Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов. Се изнаплукав и на социјализам и на капитализам па не ми остана ништо друго туку да предвидам лоша иднина. Да ми дадеш упатство за употреба, и него ќе му најдам мана, тилку што сум исфрустрирана.
За среќа, на крај единствено што „предвидуваме„ се решенија за проблемот и на тоа работам.
За критичко размислување повелете прочитајте еден од моите дрдорења од пред некое време на таа тема на следниов линк. На заборавајте да вежбате на таа тема секој ден.
Повелете прочитајте и други текстови напишани на оваа тема.


1. About Yugoslavia - a satire of the truth!
2. The state of losers and traitors
3. Essay on International Development for my MSc
4. Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?
5. How poor you poor have to be to get some attention?
Message to all the Yugo-nostalgic and EU fanatics
7. Што е култура на зависност и доминација
8.  Update on my survey: Young, bright... but hopeless
итн....
Имам многу напишано. Речиси половина блог ми е за тоа.


Се читаме.