Ir al contenido principal

Што е култура на зависност и доминација



Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.

Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?



Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем на земјата за наша лична корист.



Политичката револуција е безкорисна. Води до размена на една политичка волја и доминација na друга, исто политичка.



Политиката сама по себе не води до општ развој, доколку изостане економскиот развој и индивидуална корист (преку социјални реформи).



Ова секако не значи дека треба да се седи со скрстени раце, туку да знаеме дека кога застануваме зад една политичка партија се бориме за нечија волја за доминација.



Тенденцијата во социолошките науки е да се создадат личности кои се независни, самостојни, задоволни и среќни во систем кој им дава еднакви можности на сите.



Некои убедуваа дека во Југославија сме живееле подобро кога податоците велат дека сите живееа подобро од нас тогаш, а вие заборавивте дека не сте нив и сега ваше е да одлучите како понатаму. 


Во 80тите, социолошко истражување од Св Кирил и Методиј доаѓа до заклучок дека младите и пензионерите кои не се соочиле со искуството да бараат работа најпозитивно ги оценуваат напорите на државата за обезбедување на работни места. Таквиот „претеран оптимизам„ е многу смешен (нивен заклучок, моја забелешка), имајќи во предвид дека најголемата невработеност имало во Македонија (да ве потсетам 1986 невработеност на младите 72 %) каде се движи околу 20-25 проценти општа невработеност (и тоа многу „криена„). Резултатите укажуваат дека младите се исто така многу неинформирани за актуелните настани во државата и апсолутно незаинтересирани .Во 1979 година 1 од 4 невработеноста ја сметаат за најголем проблем во Македонија.

Можеби ова е причината зошто цел животен век не се откинавме од истите проблеми.











Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…