Ir al contenido principal

Светски Организации, двојни аршини и непропорционална застапеност

Овие што се мафтаат низ Македонија и ви држат лекции од Европска Унија, Фондот за развој од Обединетите Нации, се сите странци од развиените земји. И не дека се попаметни туку дека се од богати семејства можат да си дозволат скапи универзитети и пракса да работат без пари во седиштата на овие организации и потоа да најдат работа таму или на друго место.
Многу пати сум укажувала на ова дека ние кои сами се финансираме не можиме да си дозволиме да плаќаме да работиме.
Исто така има доста суденти чие студирање е финансирано од фондови на Агенции за Развој што имаат посебни интереси (политички) за развој на тие подрачја.
Со сите напори, материјални и човечки ресурси кои ги фрлаат по Африка и Блискиот Исток чиниш сите проблеми ќе се решат. Но не е така. На крај, застапеноста на вработените од развиените земји е далеку поголема. Се губи врската со реалноста во државата и се предлагаат комични решенија.
Заради оваа и други причини напорот да се решат сите светски проблеми е бизнис како и секој друг. Во некои случаеви остваруваме добивка од економската активност, но во случајот на невладините организации „добивката„ се остварува само доколку има човечки страдања да ја оправдаат нивната „активност„.
Често се критикуваат дека се јавуваат само во ситуации кога најлошото се случило, дека се нетранспаретни како ги трошат средствата или дека не може да се земат одговорни за лошите резултати.
Причината, поради која што сум на студии по Развојни Науки, за потоа да работам во доменот на Меѓународниот развој, е доказ дека верувам во работата што ја работат во невладиниот сектор. Проблемот е што не можам да замижам пред она што е се повеќе очигледно и дека разбирам зошто е така.
И јас сум се прашувала зошто низ Македонија некој друг треба да дојди да ни кажи што да правиме. И тогаш и сега сакам да има поголема застапеност на кадар кој произлегува од земјата на интерес.
Во меѓународен контекст секогаш било така.
Непропорционална застапеност во меѓународните организации е една од основните критики за слабата корист што ја имаат средно развиените и неразвиените земји.
Еве неколку примери.
Седиштето на Светската Трговска Организација е во Женева. Претставниците од неразвиените земји и оние кои како нив не можат да си платат луѓе да ги претставува таму во преговорите или да им плаќа престој е очигледна дури и на страницата на Организацијата. Женева е скап град за живот и многу од нивните членки не можат да си дозволат свои претставници. Помалку развиените земји се непропорционално претсавени во однос на другите, побогатите и заради тоа се често немоќни да влијаат на одлуките кои се носат во корист на Меѓународните компании.
Друг пример е со Светската Организација за Фер Трговија. Верувам во таа идеја. Знам дека во пракса не функционира, но сепак замислата е прекрасна. Да им платиме фер цени на малите земјоделци за одржлив развој а при тоа добиваме висококвалитетни производи е идеал кон кој се работи.
Седиштето на Светската Организација за Фер Трговија во Лондон е во едно од најесклузивните населби во центарот каде се плаќа висока кирија. И не, не е една канцеларија, туку цела зграда која прекрасно изгледа. Додека земјоделците во светот работат за една мизерна заработувачка, овие се распослале на  сред Лондон.
Лично толку бев воодушевена од идејата за Фер Трговија, така што кога еден професор од Универзитетот во Манчестер ми укажа на овој факт се почувствував како идиот.
Ова е доказ дека зад секоја добра идеја се крие банда на бирократи чиј шеф ја загубил врската со останатиот свет и идејата за подобро утре.

 

Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…

Што е култура на зависност и доминација

Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.
Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?


Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем …