Ir al contenido principal

Феноменот наречен Критичко Мислење

Сте се нашле ли во ситуација кога некој ептен ви делува „паметен„ не можите да си замислите Вие така паметно да звучите. Оставате другите да ви кажат како треба оти сами не знаете да покренете иницијатива. Живеете ли во заблида дека некои луѓе се родени со дарба а вие за џабе лебот го јадете.

Е па, време е да престаните со ова размислување. Секоја „дарба„ може да се научи и вашето мислење е исто толку важно колку и на тој што се огледувате.

Не плашете се од грешки ни повикувајте се на минати искуства. Луѓето полни со самодоверба не го прават тоа.

Во одсуство на македонски лексикон ќе се обидам самата да си дефинирам „критичко мислење„.

Зборувам за начин на размислување кој што е својствен за секој научник со реноме. Студенти и интелектуалци се трудат на оваа тема, но сепак остануваат само препишувачи на некои други дела.

Поимот значи не само сопствено размислување туку угледни луѓе на оваа тема говорат за способност кој може да го промени целиот ваш живот. Критично размислување не е исто што и критикување.

Три елементи се важни за да зборуваме за критичко размислување:

- Активно и непроменливо мислење . Тоа значи секој ден, секое ваше размислување. Вежбањето води до совршенство. Критичкото мислење се учи и усовршува постојано. Активно размислување значи гледање на различни варијанти за негово практично остварување.
- Гледа на причините за да го поткрепи своето размислување. Овој дел се однесува на способноста да се преземе акција според тоа кој краен резултат го очекуваме. Овдека ги анализираме причините зошто реагираме на одреден начин. Дали тоа е резултат на нашето лично убедување (предрасуди) или сме биле мотивирани од практични резултати. Способноста е да ги откриме причините и така да ги презентираме.
- Мислење кое ги има во предвид последиците
од таквото размислување.

Инересно е да се спомне и дефиницијата која што постои на Википедија на Македонски. Според оваа дефиниција критичко размислување е она поткрепено со аргументи и доказ за таквиот аргумент. И оваа дефиниција јасно но кажува дека тоа е всушност сопствено размислување. (Критичко Мислење, 2009)

Она што може да се забележи кога читаш на македонски јазик е дека суво е пренесена веста нема никакво мислење за тоа што се случило ни причините кои што довеле до таквата појава. Таквото известување е досадно за читање.

Или еве друг пример. Повеќето активности се со партиска позадина. Вие, во одсуство на сопствено мислење немате друг излез туку се чувствувате посигурно доколку го следите (партиското) мнозинство. Ни сами знаете зошто, ни пак крајниот резултат е во ваша корист. Доколку вашата партија (за која мајка ви би си ја продале) победи, длабоко во себе знаете дека можи голтар да си останите за навек. Површно верувате дека од тоа ќи има корист, освен вашата гордост е поголема. Меѓутоа, емпириски размислувано, гордоста куќа не рани.

Последицата од вањето размислување е дека во одсуство на шнтелектуално ткиво со развиена  способност на т.н. критичко размислување, нашето опшество веќе е претворено во слепци кои убедено ја следат својата партија без никаква корист. Практично гледано, 21 година од независноста на Македонија никоја партија не успеала да ја однесе државата на вистинкиот пат. Нема корист ако два-тројца се вработат со вашата партија кога цела Македонија мака мачи со овој проблем. Последиците од таквото однесување не само што не носат ништо добро за Вас лично, туку исто така веќе заборавате кога вашата партија понудила нешто корисно за државата во целина.



Значи, од еден проблем можете да направите цела книга со аргументи. Но критичното размислување значи и преземање одговорност и иницијатива а не само пластично набројување на можни решенија. Имате јасно дефинирана цел и активности кои водат до неа. Во никој момент не дозволувајте ништо да го одвлече вашето внимание



Од сега па натаму се надевам нема да имате страв да го искажите вањето мислење. Не само што сите ние имаме корист од тоа туку е многу важно за вашиот личен развој. Тоа е исто толку важно колку и градењето на вашата самодоверба. Или, можеби да е тоа едно те исто. Како и да е, ослободете го вашиот потенцијал.

Факт е дека сите имаме свое мислење. Често, нашето мислење е искривено, со предрасуди, под нечие влијание или туѓо размислување. Критичното размислување всушност започнува кога ќе се освестиме, односно размислуваме околу нашето мислење со намера да го усовршиме.

Затоа, нека звучи глупо, ама мислењето нека е ваше. Поглупаво од тоа да промовираш нечие, туѓо мислење, верувајте - нема!














Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…

Што е култура на зависност и доминација

Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.
Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?


Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем …