sábado, 7 de mayo de 2016

Мојот прашалник сега и нашите споменарки од средно - едно, те исто

Во моментов работам на креирање прашалници за моето истраживање во Македонија и се потсетив на оние тетратките од порано што ги правевме со прашање на секоја страница. Заборавив како ги викавме. Па после ги дистрибуираш мегу другарките во класот и забавно беше да читаш: омилена песна, омилена боја итн (воопшто не се сеќавам како беше). Ние сме тренирале за уште од мали да изготвуваме прашалници и никој не ви го кажал тоа ха, ха...

Инаку многу важно за успешен да ви е прашалникот во пракса е да им гарантираш анонимност и да нема политика тука.

Мене ми е за мене, владата ни опозицијата ми го плаќа курсот па мислам дека тоа е важно. Користа од тоа е најголема за државата да не живее народот во заблуда, а богами и за политичарите да се преиспитаат малку.

Инаку читам „порачани„ статистики на интернет за Македонија и моја задача е да ги откријам оние со предрасуди и како такви да ги напишам во мојот труд.

Затоа е многу важно да има и невладини организации иако во теорија можи и да се повеќе владини.

Колку повеќе оригинален материјал толку поголема оценка. Препишување нама. Па и што ќе ми е, интересно е да дојдеш до некое свое откитие отколку промовираш нечие туѓо мислење, нели.
Секако дека има секогаш предрасуди. Најважно е да ги откриеш и признаеш и како такви да ги презентираш во трудот.

На пример, јас сум за пазарна економија и потребно е да образложам зошто. Не значи дека сум во право, но така сум си убедена. Личните убедувања немаат тука место.

Исто така, потребно е прашањата да се јасно формулирани, да не се двосмислени. Тие треба да се формулирани така да бидат интересни за одговарање. Тука пак да се потсетиме на нашите споменари со прашалници во средно. Нели беше забавно да се оговара на тие прашања и са се споредуваат вкусови. Бевме пресречни да бидеме од повеќето што ја сакаат таа песна или дека си била и ти заљубена хе, хе.

Оптимален број на прашања е важно за испрашаните да не го загубат брзо интересот кога пополниваат. Се почнува со едноставни но еднакво важни прашања а оние по збунувачките и не толку важни (доколку ги имате) се оставаат за на крај.

Да се навратиме на прашалниците од средно што си ги правевме. Нели има тука логика дека и таму така беше.



Не знам дали така и во средно правевме или и имињата си ги пишувавме хе, хе.

И за крај, само сакам да кажам дека ова не е сѐ што може да се напише за прашалниците. Ни најмалку. Имаат и тие многу недостатоци и постојат други методи. Кој ќе го користите зависи од вашата цел, можности и природата на вашето истражување. Но сепак вреди да се потсетиме на фактот дека сите ние во Македонија сме имале искуство со нив. И тоа во раните тинејџерски години.

No hay comentarios:

Publicar un comentario