Ir al contenido principal

Не сум луд, само сум невработен

Ментално здравје и небработеноста


Се чини дека ништо не може да ве извади од реалноста. Вашиот свет е опсипен со црни мисли и душевен немир, чувство на пониженост и постојан страв и неизвесност.

Често невработеноста е бездушна бројка, но Вие знаете дека вие сте биле или сеуште сте таа бројка која има чувства.

Во странската литература може да наидеме на општа согласност дека повеќето невработени лица се соочуваат со проблеми поврзани со менталното здравје.

Еден од авторите кои говорат на таа тема прашува дали невработеноста е цена која што треба да се плати додека економијата закрепнува и реструктуира?

Секако дека не. Цената е преголема доколку транзицијата или економскиот развој е бесконечен како македонската развојана голгота. Истражувањата говорат дека невработените вообичаено се соочуваат со низа проблеми поврзани со нивното ментално здравје, како:

- намалено чувство на општа благосостојба;
- анксиозност (општа возбуденост, чувство на страв);
- депресија;
- намалена самодоверба, чувство на бескорисност;
- социјална исклученост:
- намалена чизичка активност како резултат на чувството на безперспективност, итн

Невработеноста во Македонија е хроничен проблем која ситуација не се променила, одбележувајќи високи стапки на невработеност кај помладата генерација од осамостојувањето до денеска.

Во 80-тите години на 20 век Велика Британија причините за долгорочниот проблем со невработеноста ги пронајде во нарушеното ментално здравје на оние кои вече подолго време бараат работа. Тргнувајќи од предпоставката дека токму оние кои подолго време очајуваат за работно место имаат потреба од мерки насочени кон подобрување на менталното здравје се чини сосема логично е да се донесат посебно дизајнирано програми за мотивација комбинирани со висока парична помош за невработените.

Во научна студија која што зборува за невработеноста на младите во северна Европа споредено со југот на Европа донесе интересни заклучоци поврзани точно со менталното здравје на младите неработници.

Мојот заклучок од македонската голгота без да направам никаво истажување на терен беше дека младите се уште живеат на голем терет на возрасните и тешко се осамостојуваат, па ниту изгледа дека имаат намера тоа некогаш да го сторат. Се чини дека родителите се вечни должници на младите.

Иако не се толку проблематични, сепак се чини дека таков е случајот со повеќето млади на Југот од Европа. Младите во Италија и Шпанија добиваа најголема помош од родителите и покасно се осамостојуваат за разлика од нивната генерација на Северот. На Југот од Европа пак, паричниот надоместок за невработените беше минимален и временски ограничен за разлика од Северот. Значи, иако не уживаат голема парична подршка од државата сепак тоа е надополнето со помош од фамилијата во моменти на невработеност.

Иронично, истражувањата покажаа дека менталното здравје на младите на Југот од Европа е полошо од оние на Северот. Како младите се справуваат со невработеноста зависи и од нивната ментална способност и зачувување на менталното здравје во тие критични моменти. Теоретски гледано постојат два основни стратегии за справување со невработеноста во мементи на тешка состојба:

- „решавање на проблемот„ - да се најде работа на црно, емигрира или на друг начин, токму тоа, да се реши проблемот, или
- „емоционално справување„ - да се за зачува нивото на само-доверба и успешно справување со депресијата и ансксиознот.

Авторите сепак прознаваат дека младите во Европа не можат сите да се стават во една група. Како истите се справуваат со невработеноста треба да се гледа од гледна точка на културното наследство затоа можат да се забележат огромни разлики помеѓу  иста генерација со ист проблем но во различна држава.

Не само нашите традиции и вредносен систем, едно од темите за дискусија би требало да биде наследството од поранешнот комунистичи систем. Тешко дека во нови времиња сакаме да отвораме стари рани, но соочувањето со реалноста секогаш е болно.




Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…

Што е култура на зависност и доминација

Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.
Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?


Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем …