miércoles, 2 de marzo de 2016

Партиска љубов и невработеноста на младите во Македонија

Грдата слика на невработеноста на Македонија е постојан декор кој веќе со години сите го игнорираат. Присутна, но во страв да не ги вознемириме нашите од партијата, македонската младина е затупена со политика која е надеж и единствена можност за излез од состојбата.

Наместо да бидат основен двигател и причинител на промени, младите се основна причина за застој на истите. Критичко размислување е сведено на партиско.

Од тоа произлегува дека, доколку би сакала да работам на мојот проект за невработеноста на младите во Македонија основниот предизвик е поврзан со бегање од секакви партиски толкувања на реалноста.


Во претерано исполитизирано опшество моиите истражувањки способности и методологии за истражување во областа на Социјаните Науки се доведени пред голем предизвик. Сакам предизвици, но морам да бидам свесна за овие ограничувања и да не ми се претвори трудот во партиска пропаганда.


Основна цел би ми била да им покажам и докажам на младите во Македонија каде се наоѓа нивната мака, пропаднат труд и чувство на безперспективност во однос на истите тие во Европското општество. Тие млади бараат и им треба објаснување.


Со овој мој научно - истражувачки труд, сеуште во мисла, би сакала да им покажам дека и без партиска љубов за младите има иднина, и тоа поубава од онаа што им ја нудат партиите.


Заради нивната способнот но и лесна манипулација се основна алатка за партиска пропаганда. Младите мислат дека без партијата се ништо и дека без партиска книшка нема иднина.


Баш напротив, партиите без нив се ништо. Младите имаат сѐ што треба за успех но без соодветна подршка и специјано дизејнирани програми кои ќе бидат испочитувани од прва до последна буква нема подобрување.

Европа во целина се соочува со овој проблем без разлика на нивото на развој. Младите се ранлива категорија. Секоја изгубена генерација значи голем пропуст за земјата и нејзиниот развој во иднина. Освен изгубена продуктивност, замрзнзати плати овој проблем како спирала која што се врти во круг, така се подхранува и се пренесува како товар и последица за секоја идна генерација. Не само што треба и мора да се решава проблемот на невработените денеска, треба со исто таков жар и немир да се бара решение и за изгубените генерации.


Невработеноста не е само проблем со пари, туку нарушено ментално здравје и физичка способност.


Се одлучив за ова прашање да го заокружам магистарскиот труд по Развојни Студии затоа што мислам дека е тема која што вреди да се вложи труд и разбирање. Критички осврт на тоа што е направено досега, како и на она што се нуди во моментов ќе бида само дел од она што треба да го изработам. Најзначајниот дел е да понудам решенија дизајнирани од она што младите посаакуваат и она што компаниите очекуваат за да ги доближиме овие два значајни ентитети што поблиску до заедничкиот интерес.


Да докажам дека Македонија е европска и по добро и по лошо.



No hay comentarios:

Publicar un comentario