Ir al contenido principal

Борба против корупцијата во Шпанија - задолжителна леkција за Македонја

Специјалната единца УКО (шпанската ФБИ) сѐ живо испоапси во Валдеморо (јужен Мадрид). Останавме без градоначалник, заменик градоначалник, и заменикот на заменикот го уапсија итн. Ова не е виц, туку жива вистина. Ако продолжеа да апсат ќе треба да увезиме политичар од странство хе, хе... Ептен се збогатиле на државна сметка од нелегални наплати на провизии.

Чудо големо. Нека дојдат кај нас не само без политичари туку и без народ ќе останиме.
Како и да е, корупцијата е проблем за економскиот развој на државата. Тука никој не се сомнева. 

Мислам дека темата на која ќе работам за мојата магистерска работа ќе биде корупцијата на Балканот и пошироко. Хм....

Ова е универзален проблем и би сакала да знам не само каде, туку и како ефикасно да се реши. Во Македонија има таков систем разработено што треба светот да слушни и да научи што навистина е корупција од професионалци. Ама и овие научиле од некаде, ама таму некаде можеби некој им ставиј крај и сега служи како лекција за идните генерации. 

Затоа добредојдена е секоја соработка од ваша страна без разлика на која политичка партија или секта припаѓате, нема кој не кради (кој не кради, тој е будала во Македонија). 

Ова не е повик да завртите грб на партијата за која живот давате туку конечно вашата омилена партија да личи на нешто: СДСМ да биде вашата Социо - Демократска Партија со сите нишани да обрне повеќе вниамние на благосостојбата и зајакнуванје на јавни услуги достапни за сите (добро звучи, а?)  или ВМРО - ДПМНЕ парија што ќе ги зајакне и зачува конзервативните погледи (мој омилен дел). Сите партии и идеологии се еднакво лоши или добри (зависи од моменталната состојба) и се еднакво потребни, само корупцијата е универзално штетна. 

Постои верба дека малку можам јас да сторам како индивидуа, тоа е голема лага. Ќе се зачудите колку луѓе мислат како Вас и како заедно можите многу да направите. Македонија е мала држава и секој индивидуален потег се брои ама многумина избираат да го следат мнозинството за да не се малтретираат да мислат. 

Иако во оваа мое обраќање нема да зборувам за никакви мерки за борба против корупцијата, сепак би сакала да зборна за крајните решенија.

Не сакам да помисли некој за физичка ликвидација (ние македонците знаеме да претераме со збор и од лутина сѐ да изнаречиме хе, хе), затоа што многумина би се налутиле многу кога би знаеле навистина се случува во задкулисните политички игри. Ни јас би сакала да ги замислам сите тие работи што нашите политичари ги кријат.

Ако излезиме во борба со вакво гледање, од борци против корупцијата може да станиме плен. 
Сакам корупцијата во Македонија да биде лекција од минатото од која ќе учат идните генерации, не страв, трепет и задушување за сегашните генерации. 

Едноставно не можам да гледам како во Шпанија, мојата втора татковина успешно се спроведува со борбата против корупцијата преку посебна единица која независно работи на истрагата, додека во Македонија им е страв со прст да мрднат. 

Едноставно тие политичари треба да се одстранат; кој се покајал, нека се амнестира (чудо големо, ние сме амнестирале масовни убијци) и на кој не му било по кеф корупцијата, еве му шанса да се докажи. 

Мислам дека ова е мој фер предлог.

Примерот на Данска како ги третира покаените терорити кои се враќаат од Исламската Држава. Настојува да ги ресоцијализира, повторно да ги вклучи во општеството, а не ди ги апси и малтретира и уште повеќе да ги разгневи и така повеќе им се исплаќа да се вратат назад и со повеќе кеф да испоубијат сѐ. 

Не сме свесни што можеме да сториме за нашата држава и колку таа може да ни возврати. 





Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Што е култура на зависност и доминација

Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.
Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?


Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем …

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…