miércoles, 28 de diciembre de 2011

10 години без шпанската пезета

На 1 Јануари 2002 Шпанија го прифати еврото. 10 години од тогаш и без шпанската пезета овие овде сеуште на ум ја имаат. Само се карам да не ми кажуваат што си купиле во пезети. Посебно со постарите - нема шанси. Недај боже да ги натерам да ми вршат размена од пезета во евро, повеќе муабет нема да ми направат хаха... Сеуште милиони шпанци мислат на цените во пезета. Под цените, со мали бројки, се означуваа и вредноста во пезети.
1 евро (€) = 166,386 пезети (ESP)

Во тоа време нагалено си ја викаа: "la rubia" (блондинката).

Сѐ до Март 2002 еврото и пезетата живееја рамо до рамо како две важечки парични единици. Според Националната Фабрика за монети и воден жиг првите монети се исковаа на 19 Октомври 1868 година. Првата емисија на банкноти беше на 21 Октомври 1940 година и на нив се прикаажаа многу славни личности од историјата на Шпанија. Кристофер Колумбо е една од најпортретираните личности.

Шпанска пезета од 1979 година со ликот на актуелниот крал  на Шпанија Неговото Височество Кралот Јуан Карлос I
Кога се работи за поголеми суми, средновечните шпанците сакаат да ја имаат пред нив бројката во пезети. Помлаите генерации го немаат тој проблем. Тие и не се сеќаваат на неа.

Се проценува дека постојат монети и бакноти во вредност од 1.708 милиони евра кои се чуваат сеуште во домовите. Според Централната банка на Шпанија дел од нив се дел на приватни колекции, дел загинати.

Преку агресивна кампања Министерството за Економија ги припремаше шпанците за прифаќање на новата парична единица.  Преку замислена фамилија „Гарсија„ ги убедувашеда ги извадат пезетите од под перница и да ги заменат со евра. Оваа „фамилија„ прва доби пристап до еврото и зборуваа за своето „искутво„ и убедувајќи дека нема да се зголемат цените.

Искуството со новата парична единица не се совпадна со „искуството„ на Гарсија, па во 2002 година цените  се зголемија два пати повеќе од она што се предвидуваше. Зголемувањето на цените во ресторантите и баровите беше поголема и од стапката на инфлација, па се движеше 5,8 %; на облеката и обувките 5,3%; транспорт - 5%; исхрана - 4,6%. Глобално гледано, на ова поле многу загубија. Цените генерално се зголемија (31%) додека пак платите се зголемија само 13% , а една од работите кои што поевтинија е белата техника, автомобилите и др.

Долу на линкот можете да видите видео од спроведената кампања од страна на Министерството за Економија.

http://www.youtube.com/watch?v=YC1qy6RbDW8&feature=player_embedded

http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&v=W9hnDHKE8Vg&NR=1

http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&v=SLomm03Qa1k&NR=1

No hay comentarios:

Publicar un comentario