Ir al contenido principal

Следниот е Запатеро

Берлускони на 12/11/2011 си подаде оставка, после 17 години на власт и неговиот рекорд го надминал единствено Мусолини. Икона во својата земја каде 2 од 10 инвалидски пензии одат кај сосема здрави мрзишта други пензионирани на 29 години, каде 25% од даночните обврзници живее со помалку од 16 дневно; каде што само со еден ден работен стаж парламентарци добиваат вртоглаво високи доживотни пензии, и каде што има вишок од 300.000 државни службеници во администрацијата кои се вработени „со врски„.

Општината Палермо во 2007 година ангажира 110 возачи на автобус – ниту еден од нив знаел да вози!

На Владата на Берлускони и беа потребни 22 години за изградба на само 23 км автопат вреден 20 милиони по километар итн....

На примерите им нема крај.

Берлускони се враќа на нормалниот живот, ама нема да му биде лесно. Против него се отворени 27 судски процеси 4 кои што се во исчекување.

Ова курвариште си замина, а нашиов шутрак Запатеро си заминува наредната недела (парламентарни избори на 20 Ноември) и со сигурност знае секој шпанец дека Социјалистиве немаат шанси за победа.

Jose Luis Zapatero актуелен Премиер на Владата на Кралството Шпанија 
Овие години што сум во Шпанија имам впечаток дека повеќе налекуваше на Бивша Југославија отколку на модерна Европска држава. Запатеро се расврлаше на сите страни со парите од даночните обврзници, се даваше каде што се можи и неможи. Барем си беше сё во духот на идеологијата на неговаата работничка партија, така што кога снема пари во државната каса згаснаа неговите идеи за развој.

Шпанија денеска има блиску 5 милиони невработени, односно 21%.; огромна нерамнотежа во државниот буџет (дефицит), огромен државен долг. Нивниот слоган за претстојниве извори: „Бори се за тоа што го сакаш„ за мене претставува една несолена шега.

Во 1982 година Социјалистот Фелипе Гонзалес успеа да ја однесе победата со освоени 202 пратенички места. Ова беше речиси несоборлив рекорд. Според анализите на намерата за гласање, се проценува дека Народната Партија (центар/десно ориентирана политичка партија) на Рахој ќе освои 198 пратенички места наспроти 112 пратенички места на Социјалистите. Дебакалот на последниве е загарантиран на 20 Ноември.

Падна Папандеру, падна Берлускони. Следниот е Запатеро.


Судбината на 350 парламентарни места во Конгресот е во рацете на 35, 7 милиони шпанци со право на глас. Ова е историски ден за Шпанија, бидејќи толку ниско не се памти од кога не паднала. Се бара противотров, а потребни се чуда за да видиме некој резултат за толку кратко време. Прогнозите се јасни. Ќе има кршење на рекорди, затоа што се очекува победата на Народната Партија на Рахој одбелжи рекордни, досега несоборливи резултати. 

Мариано Рахој знае дека не може да ветува чуда, не дава датум кога неговите врвни еконости ќе се појават на сцена и вели дека креирањето на новите работни места можи да дојде некаде во 2012 година ( т.е. не умри коњу до зелена трева).

Му се забележува за двосмисленоста на прашањата околу платите на државните службеници, иднината на здравствениот систем, образованието и реформите на работниот систем. Имаме страв дека на првите ќе им ги намали платите, а вториот пополека ќе го приватизира (барем дел од него)...

Социјлистите, за време на кое владеење пропаднавме, ветуваат. Сите ветуваат, како што читате.  Свесни за направените грешки, актуелниот Премиер Запатеро, само еднаш во целата политичка кампања на ПСОЕ се појави на митингот во Малага.

Новиот Конгрес ќе се формира на 13 Декември. Широката победа на ПП (Народната Партија) и дебакалот на ПСОЕ (Социјалистичка Работничка Партија на Шпанија) значи влез на нови или помали политички партии.


Ден „Д„ и ден потоа



Работите не можеа да продолжат онака како што беа. Шпанија дојде на работ да биде интервенирина.

PP победи со сите автономни области (10,7 милиони гласачи) и 186 пратеници, освен Баскија и Каталуња. Во историјата на ПП до сега само Јозе Мариа Азнар во 2000 година беше успеал со 183 пратенички места да постави рекорд. ПСОЕ ја однесоја победата во Севиња и Каталуња со освоени 110 пратенички места.  Катастрофален резултат за Работничката Партија. Уште еден рекорд ама овој пат во негативна смисла. До сега неславниот рекорд беше 125 пратенички места освоени во 2000 година. Победија желбите за драстични промени.

Резултати од одржаните парламентарни избори 20 Ноември 2011


УПиД (Унија на Прогрес и Демократија) на Роза Диаз беше изненадувањето на денот со 1милион и 100 гласачи и 5 пратеници во Конгресот. Сепак, останаа без можност за формирање на своја парламентарна група. Со само 4 години постоење, оваа прогресивна партија успеа да се пробие меѓу најголемите. Прв пат се појавија на изборите во 2008 и од тогаш бројот на нивните гласачи расте.

Денеска се разбудивме со државен долг од 440 поени, што е сеуште на работ од пропаста.

Падна Запатеро. 

Comentarios

Entradas populares de este blog

Ми рекоја критички да размислувам, па на сё што прочитав мана му најдов

Како сум се запишувала денеска, како на норма да сум. Можеби претерав ама после ќе ми судите , поглавјето го завршив со многу депресивна реченица. Демек од толку што им било лошо за младите генерации, до ден-денеска сме трауматизирани од лошото искуство. Ај ве молам, кој од вас е истрауматизиран од Југославија? Многу сум драматична! Дали не ви е смачено постојано да слушате како некој бара работа како и вие или имате некаде каде да работите. Не ви се работи таму каде што сте или сте затуцани на истото работно место со години и знаете дека нема друго за вас, платата ви е трагична и роботните услови очајни... Секоја следна генерација што иди ги слуша истите приказни за Вас, за другите - и тие очајуваат. Е па тоа ти е траума (не сум психолог, ова во резерва дa си го ставите). Лажам - сушам, оти незнам како да објаснам дека и покрај тоа што ништо не било како што треба, сепак ние денеска плачиме за Југославија. Тоа е друга книга за пишување. Подобро да не мислат истрауматизирани отколку гл…

Што е култура на зависност и доминација

Како и во стариот систем така и во новиот систем не стивнува т.н. „култура на зависност и доминација„. Дали тоа беше централната власт во Белград без нови идеи или новата политичка елита во независна Македонија исто толку уназадена, економскиот раст и развој секогаш зависеше и висеше на конец.


Луѓето сакаат ситуацијата да се промени, но се чувствуваат немоќни како индивидуи.
Овдека се поставува прашањето дали за наше добро треба да се бориме за промена во општесвото или да се промениме ние како личност.



Две гледишта доминираат. Економистите и политичарите викаат дека треба да се сконцентрираме на опшетствените промени, додека пак психијатрите и свештени лица (не тие од МК) кои работат дирекно со личноста сметаат дека треба да работиме на личен развој затоа што, во спротивно нема опшествени промени на подобро.


Тоа е исто како и дилемата: што беше прво, кокошката или јајцето?


Луѓето настојуваме да создадеме подобро општество преку подобрување на општествено-економскиот и политички систем …

Магистер по Наука со заслуги: И тоа бидна - сега што?

И тоа бидна. Магистер по наука со заслуги т.е. научник сум официјално по Развојни науки. Тоа значи сѐ знам за сиромаштија и беда. Каква и глупост да треснам, се важи како ептен да ме бидува и мора „Амин„ на се што ќе кажам :).


Има три нивоа: М-р, М-р со заслуга и М-р со особено постигнување. Значи нешто како осумка му доаѓа. До крајот на студиите не знаев што значат оценките па се бунев на секое, а професорите ми се смееја дека многу драматизирам хе, хе. Е па тоа што се искурназив да пишувам за МК а книга нема тука за МК (оригинални ми се мислите, ама пак морам да ги одбранам дека и друг некој нешто слично смислил) ме чинеше скапо. Од сите оценки, најслаба ми е за Македонија, Тоа кога се прајш паметен и на крај ќе се изглупираш. Излегува дека повеќе знам за Индија од Македонија, затоа што повеќе литература и научно истражување за Индија од Македонија. Основната забелешка ми беше колку треба да си навистина сиромашен за на некој да му падне жал и да преземи нешто на таа тема? Без разли…